Писториус денеска ќе биде осуден

Параолимпиецот од Јужна Африка Оскар Писториус денеска треба да биде осуден за убиство на неговата девојка што се случи минатата година, со што се става крај на судењето кое траеше седум месеци.

Обвинителството побара 10 годишна казна затвор за спортистот, а одбраната пак побара куќен притвор и општествена работа, по што Судот во Преторија треба да се изјасни каква казна ќе следува за Писториус. Тој ја застрела својата 29 годишна девојка во неговиот дом на Денот на вљубените минатата година. Минатиот месец, тој беше ослободен од обвинението за убиство со умисла, но му се суди за убиство од небрежност.

Обвинителството пак тврди дека тој намерно ја убил својата девојка. Писториус се бранеше дека станува збор за грешка и мислел оти станува збор за натрапник.