Собранието го донесе буџетот за 2015

Собранието го усвои Буџетот за 2015 година чии приходи се проектирани на 163.280 милијарди, а расходите на 181.777 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 проценти од БДП, растот на економијата е проектиран на 4 проценти, а инфлацијата до два проценти. За капитални инвестиции предвидени се 21.209 милијарди денари.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со Буџетот ќе се поддржи стопанството и стандардот на граѓаните преку планираните средства за капитални инвестиции и преку зголемувањето на платите, пензиите и социјалните надоместоци.