Претседателот на нафтениот гигант Тотал загина во авионска несреќа во Москва

Претседателот на француската нафтена компанија Тотал загина кога вчера авион на неговата компанија се удрил во машина за чистење снег на московскиот аеродром Внуково. Компанија ја потврди смртта на Кристоф де Мажери и на уште тројца французи во авионот. 63 годишниот де Маржери беше претседател на Тотал од 2007 година. Тотал е шеста најголема компанија за хафта и гас во светот и една од најголемите странски инвеститори во Русија. Авионот удрил во чистачот на снег при полетувањето за Франција. Де Маржери беше на списокот на учесници на состанокот на руската влада со странски инвеститори закажан за денеска во Горки во близина на Москва.