Ирачкиот премиер во посета на Иран

Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади во Техеран

Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади престојува во Техеран во негова прва посета на Иран откако ја презеде функцијата. Главна тема на разговорите со иранскиот претседател Хасан Рохани, како што е наведено, е справувањето со милитантите на Исламската држава. Се очекува оваа посета да ја зацврсти и соработката меѓу соседните земји во енергетиката и градежнижтвото. Милитанитите на Исламската држава кои имаат освоено големи делови од Ирак се сунити. Техеран пак, е клучниот поддржувач на шиитската влада во Багдад.