Русија од утре со нов список забранети производи од ЕУ

Русија од утре ќе забрани увоз на дополнителни месни производи од Европската Унија. Меѓу забранетите за увоз се наведени свинска говедска и пилешка маст и други остатоци. Според руската санитарна инспекција, до ваквата одлука доаѓа откако во тие производи биле пронајдени штетни супстанци.

Западните влади сметаат дека Русија само користи изговори за да примени политички мотивирани забрани за увоз на разни производи од ЕУ.