Шест дена борби во Бенгази, најмалку 65 жртви

Најмалку 65 луѓе загинале во Бенгази во борбите меѓу провладините сили и исламските милиции, соопштија либиските власти. Шест дена во Бенгази има жестоки судири меѓу спротивставените страни, а борбите присилија илјадници лица да се иселат од градот. По соборувањето на долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, властите се соочуваат со милициите кои се формирани од бунтовничките сили кои беа против Гадафи. Западните земји повикуваат на прекин на насилството меѓу владините сили и милициите.