Експлозија во џамија во Багдад, најмалу 10 жртви

Најмалку 10 верници загинале во бомбашки напад на бомбаш самоубиец на шиитска џамија во Багдад, соопштија ирачките власти. Полицијата и медицинските лица, соопштија дека во нападот се повредени најмалку 25 луѓе. Напаѓачот го активирал експлозивот додека џамијата ја напуштале верници кои биле на молитва. Еден ден претходно исто имаше напад во шиитска џамија, но во близина на Багдад, при што загинаа 22 луѓе, а 36 беа повредени.