МОН ќе ги анализира заклучоците од средбата со СОНК

На средбата со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) во петокот произлегоа заклучоци кои Министерството за образование и наука ќе ги анализира во следниот период, соопшти денеска заменик-министерот за образование Спиро Ристовски. Тој го повтори ставот дека МОН е отворено за разговори и дека од почетокот укажало по кои прашања ќе се разговара. Ристовски не навлезе во детали од петочните разговори за, како што рече, да не се внесуваат шпекулации во односот на двете преговарачки страни.

Најавениот штрајк за 29 септември СОНК го стави во мирување до крајот на годинава откако со МОН договори да разговараат за синдикалните барања.