Таџикистан ќе помилува 10 илјади затвореници

Затвореници во Душанбе, Таџикистан.

Претседателот на Таџикистан Емомали Рамон до парламентот достави предлог-закон за амнестија на околу 10 илјади затвореници. Од Канцеларијата на претседателот, велат дека ќе се ослободат жени, малолетници, лица со хендикеп, воени ветерани и странски државјани, како и оние кои отслужиле најмалку три четвртини од нивните затворски казни. Со законот не се амнестираат оние кои се осудени за тешки кривични дела, вклучително и убиство, предавство, или тероризам.

Со претходниот закон за амнестија во 2011, беа ослободени 4.300 затвореници, на 5.000 им се намалија затворските казни, а беа укинати обвиненијата против други 5.000 обвинети.