Народен правобранител со забелешки за психијатриските установи

Народниот правобранител има низа забелешки за психијатриските установи во Македонија. Меѓу забелешките се непочитување на стандардите во делот на организирање, третман и несоодветно обучен кадар, сместувачките капацитети, условите за исхрана, третманот. Од оваа институција велат дека има извесни подобрувања во установите и во третманот на пацинетите, но оти сепак е далеку од задоволително, како што налага европската повелба и меѓународните конвенции.