ЕУ ќе дискутира за следните чекори кон Русија

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон изјави дека Советот за надворешни работи на ЕУ денеска ќе се состане за да дискутираат за тоа до каде е прекинот на огнот во источна Украина и за можната ревизија на санкциите кон Русија. Ештон изјави дека Советот ќе се состане за да ја анализира ситуација и да одлучи кои ќе бидат следните чекори. Состанокот ќе се одржи во Луксембург. Претходно од ЕУ соопштија дека исполнувањето на одредбите од договорот за прекин на огнот од 5 септември и воспоставувањето на стабилност во источна Украина се главните фактори кои ќе придонесат за делумно или целосно олеснување на санкциите кон Русија.