Посетата на Рама на Белград, презакажана за 10 ноември

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград, првично закажана за утре е презакажана за 10 ноември. Во пресрет на посетата, Рама и неговиот домаќин, српскиот премиер Александар Вучиќ имале телефонски разговор. Во однос на инцидентот на фудбалскиот натпревар меѓу двете земји, се уште има несогласувања помеѓу нив, но тие се договориле дека тоа не треба да биде изговор за пропуштање на шансата да се разговара за регионалната стабилност, соопштуваат српските медиуми. Од српската влада велат дека инцидентот на стадионот во суштина бил многу несреќен. Вучиќ за српски „Блиц“, изјавил дека сите проблеми треба да се решаваат со разговори, а Србија нема да дозволи нејзиниот народ да биде понижуван.