Кина - Комунистичка партија дебатира за владеење на правото

Комунистичката партија на Кина денеска одржува клучен состанок посветен на владеење на правото, јавуваат кинеските медиуми. Четвртиот пленум на владејачката Комунистичка партија, во кој се вклучени Централниот комитет и претставници од водечките државни агенции е отворен денеска во Пекинг. Според државниот „Чајна дејли“, пленумот е посветен на почитување на законот на највисоко ниво и промоција на социјална правда за земјата. Весникот пишува дека ќе се зборува и за тоа дека мора да биде отстранет менталитетот на обожување на владини и партиски функционери. Средбата доаѓа во време на масовни демонстрации во Хонг Конг.