Ватикан:Кардиналите сепак против хомосексуалците

Католичките бискупи не го прифатија овонеделниот подготвителен извештај во кој е завземен нов, позитивен пристап кон хомосексуалците, со тоа искажувајќи длабока
поделеност по ова прашање на крајот од двонеделниот Синод за семејството.

Бискупите одлучија дека наместо, како што се наведува во нацрт-
извештајот, хомосексуалците да се сметаат за лица кои имаат дарби кои можат да
им ги понудат на црквата, хомосексуалноста да се оквалификува како еден од проблемите
на католичките семејства со кои тие треба да се соочуваат.
Во ревидираниот став се вели дека луѓето со хомосексуални
тенденции треба да бидат поздравуавни со почит и
со нежност, но се повторува дека црквата учи дека бракот е заедница
меѓу маж и жена.