Турција потпиша спогодба за стратешка соработка со Авганистан

Авганистан и Турција потпишаа спогодба за стратешко партнерство за време на вчерашната едно дневна посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Кабул, што е прва посета на шеф на турската држава на оваа земја.

Спогодбата, содржи одредби за соработка во сферите на воената обука и поддржувањето на мирот и стабилноста во регионот. Со спогодбата се уредува и трговската и економската соработка меѓу двете земји.

На заедничката прес-конференција по разговорите во Кабул Ердоган и авганистанскиот претседател Ашраф Гани рекоа дека договорот предвидува и поголеми турски инвестиции во рударскиот сектор на Авганистан.

Ердоган го посети Авганистан во 2005 година во функција на премиер.