СДСМ:Загадувањето на воздухот ќе станува уште поалармантно

Состојбата со загадувањето на воздухот е сериозна и ќе станува уште поалармантна. Многу веројатно е дека загадувањето ќе биде далеку поголемо од минатата зима.

Грејната сезона во Скопје почна со екстремно загаден воздух, многу опасен за здравјето, со вредности на ситните честички (ПМ10) неколку пати над максимално дозволените граници (1.000 микрограми на кубен метар воздух).

Виновник за ваквата состојба не е времето. Не е однесувањето на граѓаните.

Загадувањето за жал е последица на погрешните политики на власта на централно и на локално ниво. Во Македонија не се применуваат основните принципи за заштита на животната средина, изостанува интеграција на стандардите за квалитетна животна средина во секоја општествена област“, рече на денешната прес-конференција Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање, СДСМ.