Ирачкиот парламент ги одобри сите министри во владата


Ирачкиот парламент ги изгласа новите министри за одбрана и за внатрешни работи, со што е комплетиран кабинетот на владата на премиерот Хајдар ал Абади.Пратениците денеска гласаа Мохамед Салем ал-Гхабан ,од шиитскиот политички блок, да биде министер за внатрешни работи. Калед ал-Oбеди од сунитскиот Арапи блок е номиниран за министер за одбрана. Обеди е од Мосул кој е во рацете на екстремистите.Нивното назначување доаѓаа во ситуација кога Ирак се соочува со најголемата криза по повеќе од една деценија со милитантите од Исламската држава. Останатите министерски места беа пополнети кратко време откако Абади беше именуван за премиер на почетокот на септември.