Вечерва отворање на Археолошкиот музеј на Македонија

Највредните примероци на македонското културно наследство ќе бидат претставени во новиот, објект на Археолошкиот музеј на Македонија, кој вечер свечено ќе биде отворен.

На три ката и површина од 6.000 квадратни метри пред јавноста ќе бидат изложени повеќе од 6.000 артефакти од праисторијата па до средниот век.

Како што соопшти Министерството за култура, првпат и ексклузивно пред јавноста ќе биде претставен значаен дел од артефактите, меѓу кои: копијата од саркофагот на Александар Македонски, штитот од 3 век пр.н.е. од локалитетот Бонче, реконструкцијата на римската кочија од втор век од Делчево, како и стаклената чаша дијатрета од 4 век.