Вучиќ: За време на викендот ќе одлучам за посетата на албанскиот премиер

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека за време на викендот ќе одлучи дали албанскиот премиер Еди Рама ќе го посети Белград.

- Дали воопшто ќе дојде, за тоа ќе донесам одлука во текот на викеднот, изјави Вучиќ за РТС.

Албански владини претставници вчера изјавија дека Рама одлучил да го посети Белград и покрај инцидентите кои доведоа до прекин на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во вторникот.

Тоа ќе биде прва посета на албански премиер на Белград по 68 години.

. Посетата е во интерес на двете земји, но се разбира дека српската страна треба да го потврди ангажманот и волјата и да гарантира добар тек на средбата, изјави вчера албанскиот вицепремиер Нико Пелеши.