Обама го именува Рон Клаин за одговорен за анти Ебола напорите

Американскиот претседател Барак Обама го именува Рон Kлаин за Координатор кој ќе ги надгледува напорите на администрацијата против смртоносниот вирус.

Назначувањето доаѓа по притисок врз Обама да назначи одговорно лице за безбедносни мерки во САД, и да помогне за надминување на епидемија во Западна Африка, каде што речиси 4.500 луѓе починаа од вирусот.

Две медицински сестри починаа во САД минатата недела, додека лекуваа човек од Либерија.