Нигерија - примирје со екстремната „Боко Харам“

Владата на Нигерија се согласи на прекин на огнот со исламистичка милитантна група Боко Харам.

Според медиумите, над 200 ученички кои екстремистичката група ги киднапираше пред шест месеци, предизвикувајќи без на меѓународната заедница , треба да бидат ослободени како дел од договорот за примирје.

Боко Харам во 2009 година дигна бунт во Нигерија и бара ослободување на притворени екстремисти во замена за киднапираните девојки.