Средба Ахмети - Волерс

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Амбасадата на САД се сретна со американскиот амбасадор Пол Волерс.

На средбата, како што информира ДУИ, двајцата соговорници разговарале за политичките случувања во земјата, спорот за името и евроатлантската интеграција, за учеството на странските борци во конфликтот на Блискиот исток, случајот „Монструм“, судството, како и за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Двајцата соговорници разговарале и за меѓуетничките односи, како и за потребата од проток на американски инвестиции во слободната економска зона во Тетово.