Разговори за безбедноста на границата меѓу Таџикистан и Авганистан

Русија и Таџикистан се договараат што да се преземе за поголема безбедност на границата меѓу Таџикистан и Авганистан. Денеска на оваа тема во Душанбе, разговарале Николај Патрушев, претседател на Советот за безбедност на Русија и таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон. Тие разговарале за ситуацијата во Авганистан и мерките кои треба да се преземат за да се зајакне границата. Тие стравуваат дека може да има прилив на дрога и милитанти откако ќе се повлечат странските војски од Авганистан до крајот на оваа година.