Путин и Порошенко на работен доручек

Рускиот претседател Владимир Путин утрово имаше работен доручек со европските лидери и со претседателот на Украина Петро Порошенко, откако синоќа на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел не се премостија разликите за кризата во Украина. Дводневниот Евро-Азиски Самит во Милано е во сенка на украинската кирза, каде продолжуваат борбите и покрај договорот за прекин на огнот.
На работниот доручек присуствуваа, Путин, Меркел, Порошенко, како и францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камерон, италијанскиот премиер Матео Рензи и лидерите на ЕУ во заминување Херман Ван Ромпуј и Жозе Мануел Баросо.