Пациент со симптоми слични на ебола хоспитализиран во Приштина

Пациент со симптоми слични на ебола е примен во текот на ноќта во болница во Приштина, јавија косовски медиуми.

Присуството на вирусот ебола се уште не е потврдено, бидејќи, според лекарите, потребно е да се извршат неопходните анализи. Тие, меѓутоа, велат дека симптомите биле идентични како да се работи за ебола.

Како што пренесуваат приштински медиуми, пациентот можел да дојде во контакт со вирусот на ебола за време на престојот на аџилак.