Обама: во борбата против еболата и Националната гарда

Американскиот претседател Барак Обама му нареди на Пентагон да ја повика Националната гарда, како и резервниот состав, да помогнат во американскиот одговор на справувањето со еболата во Западна Африка. Вашингтон веќе најави дека ќе испрати 4 илјади војници во тој регион за да обезбедат логистичка поддршка во напорите за запирање на смртоносната болест. Американските сили нема директно да се грижат за заболените. Скоро 4 ипол илјади луѓе починале од еболата, најмногу во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја. Две медицински сестри се заразиле со ебола во Соединетите држави за време на лекувањето на еден човек од Либерија кој почина од оваа болест во минатата недела.