Во серија напади во Багдад, 34 жртви

Во серија напади во шиитски области во ирачкиот главен град загинаа најмалку 34 луѓе, а повредени се десетици други. Во експлозија на два автомобил бомби во Багдад загинале 14 луѓе, а 30 се повредени. Во друг напад исто така при експлозија на автомобил бомба во близина на армиски контролен пункт, загинале најмалку девет луѓе. Шест луѓе се убиени во друг напад во областа Хурија. А во областа Ал Шоула загинале пет луѓе. Багдад е под напад од страна на сунитските милитанти кои веќе држат многу области во западниот и во северниот дел на Ирак и соседна Сирија.