ВМРО-ДПМНЕ: Ние зборуваме со факти, СДСМ со лажни податоци

ВМРО-ДПМЕ во реакција на прес-конференцијата на СДСМ за предлог буџетот за 2015 наведува дека СДСМ осум години со лажни податоци, со бројки од ракав се обидуваат да ја збунат македонската јавност. Но тоа не е можно, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи постојат факти кои го говорат спротивното а факт е дека македонската економија има највисок раст во регионот и Европа.

„ВМРО ДПМНЕ зборува со факти и дела – тоа е лекција која треба да ја научи секоја политичка партија која сака да ја добие довербата од народот, стои во реакцијата.