Ставрески - подобар стандард со буџетот за 2015

Заштита на стандардот на граѓаните преку зголемување на платите на администрацијата, пензиите и социјалните надоместоци и повеќе средства за капитални проекти, се главните цели на буџетот за наредната година, рече министерот за финасии Зоран Ставрески на почетокот на Собранискта расправа за буџетот. За следната година се предлага буџет од 2,95 милијарди евра. Капиталните инвестиции се проектираат на 345 милиони евра. Приходите се проектирани на 2,65 милијарди евра, а расходите на 2,95 милијарди евра, односно се предвидува буџетски дефицит од 300 милиони евра или 3,5 отсто од БДП. Растот на економијата е проектиран на 4 проценти, а инфлацијата до два проценти. Расправата за буџетот според Деловникот на Собранието треба да заврши за пет дена.