ОН - еболата и ИД се двојно зло

Еболата и подемот на милитантите на Исламската држава се двојно зло во светот, рече високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раад Ал-Хусеин на неговата прва прес конференција како шеф на ова тело. Според него тие земале замав поради запоставувањето од страна на меѓународната заедница. Тој рече дека неговата канцеларија започнала со изготвување на насоки за земјите кои се соочуваат со епидемијата на ебола. Тој се задржа и на милитантите од Исламската држава, нарекувајќи ги ѓаволско движење со потенцијал да прерасне во геноцидно.