Путин пристигна во Белград

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Белград. Тој на белградскиот аеродромот беше пречекан од неговиот српски колега Томислав Николиќ.

Путин и Николиќ потоа положија венци на Споменикот на ослободителите на Белград и Споменикот на Црвеноармиецот, каде што оддадоа почит на српските и руските борци кои загинале при ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Во руската делегација се и министерот за енергетика Александар Новак, претседателот на Извршниот одбор на „Газпром“ Алексеј Милер и министерот за вонредни состојби Владимир Пучков. Членови на делегацијата се и командантот на руското воздухопловство,шефот на Службата за безбедност и претседателот на Извршниот одбор на Руската железница Владимир Јакуњин.

Путин попладнево ќе присуствува на воената парада на Ушќе. Предвидено е и Николиќ да му врачи на Путин ореден на Република Србија.