Собранието расправа за Буџетот за 2015 година

Собранието ја почна расправата по дополнетиот предлог буџет за 2015 година во рамки на 18 седница. Предлогот пред пратениците го образложува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Буџетот во наредната година, според Ставрески, и натаму ќе го поддржува стопанството и стандардот на граѓаните преку одвоените средства за капиталните инвестиции и преку зголемувањето на платите, пензиите и социјалните надоместоци.

Приходите во државаната каса во 2015 година се проектирани на 163.280 милијарди, расходите на 181.777 милијарди денари, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции предвидени се 21.209 милијарди денари.

Расправата по предложениот дополнет буџет за 2015 година според Деловникот на Собранието трае пет дена.