Во воздушни напади во Пакистан убиени 21 милитант

Пакистанската Армија соопшти дека се убиени најмалку 21 милитанти во воздушни напади насочени кон скривалишта на бунтовници во северозападниот дел од земјата. Војската соопшти дека нападите се случиле во проблематичната долина Тира во близина на границата со Авганистан. Според војската во нападите се уништени пет скривалишта. Пакистан се справува со исламистички милитанти во полу-автономниот племенски појас од 2004 година.