Воздухот загаден во Скопје, Тетово, Кичево и Битола

Загаденоста на воздухот во Тетово, Кичево, Битола како и во скопските општини Лисиче и Центар е многу висока. Мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат присуство на ПМ10 во Тетово од 234 микрограми на метар кубен, мерната станица во Лисиче покажува 151, во Центар 113, кај Ректорат 102, во Битола 106 и во Кичево 147 микрограми на метар кубен.Над дозволеното ПМ10 се регистрирани и во Центар, Карпош, Лисиче, Миладиновци, Велес и Кавадарци. Дозволеното присуство на ПМ 10 четичките е 35 микрограми на метар кубен.