Српската полиција го пронајде Дронот

Дронот на кој беше закачено знамето на Голема Албанија кое предизвика инциденти и прекин на натпреварот на стадионот на Партизан е пронајден, јавуваат српските медиуми. Тамошната полиција леталото го пронашла во Панчево. Лицето кај кое е пронајдено леталото е приведено и во моментов се наоѓа на сослушување во полициска станица.