Обама и Порошенко за ситуацијата во Украина

Претседателите на Соединетите држави и на Украина Барак Обама и Петро Порошенко телефонски разговарале за начините за подобра контрола на границата меѓу Русија и источна Украина. Белата куќа соопшти дека станало збор и за неопходноста од одржување на примирјето кое во минатиот месец беше договорено во Минск. До овој разговор дојде пред најавената средба на Порошенко со рускиот претседател Владимир Путин во Милано.