УЕФА ќе го истражува инцидентот во Белград

Европската фудбалска федерација информира дека ќе поведе постапка против федерациите Србија и Албанија, поради инцидентот кој синоќа се случи во Белград, за време на натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2016 година.

Првиот човек на европскиот фудбал Платини потенцира дека не постои никакво оправдување за настанот.

Со ист став е и претседателот на Светската фудбалска федерација Сеп Блатер, кој уште еднаш напомена, дека фудбалот никогаш не смее да се користи во политички цели.