Инспектор пронајден мртов во пробиштипската Полициска станица

Во Полициската станица во Пробиштип денеска е пронајдено безживотното тело на лице кое работело како инспектор по криминална техника.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова засега не соопштува детали за случајот.

Таа информира дека увидот од страна на Јавното обвинителство и од полициската станица во Пробиштип е во тек и оти за настанот ќе информираат по завршување на истрагата.