Реакции после натпреварот Србија-Албанија

Членовите на албанскиот национелен фудбалски тим дома беа пречекани како херои. Тие добија и поддршка од стотици средношколци на улиците во Приштина. Синоќа Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, што се одигра за квалификации за учество за Европското првенство 2016, беше прекинат по низа инциденти.

Во меѓувреме, српските власти ја обвинија Албанија за намерна политичка провокација. Тие велат дека ќе започнат истрага за тоа кој стои зад беспилотното летало кое го наруши натпреварот.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија Армандо Дука изјави дека УЕФА треба да донесе одлука во служба во развој на фудбалот. По она што се случи во Белград не можеме да зборуваме за фудбал и не е важно кому ќе му припаднат бодовите, рече тој.

Амбасада на САД во Србија денеска изрази жалење поради насилството и хулиганството на синоќешниот натпревар Србија-Албанија во Белград.

„Жално е што уште еден спортски настан, стана место за манифестирање на национализмот изразен преку насилство. Спортските натпревари и слични настани не се место за хулиганство“, се истакнува во соопштението на Амбасадата на САД.

Реагираа и УЕФА и од ФИФА. УЕФА ќе отвори дисциплинска постапка против Србија и Албанија. Сеп Блатер, претседателот на ФИФА, на својот Твитер профил напиша: „Фудбалот никогаш не треба да се користи за политички пораки. Силно го осудуваме тоа што се случи во Белград“.