Бугарското Собрание ќе се конституира на 27 октомври

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев ќе ја закаже конститутивната седница на новоизбраното Народно собрание на Бугарија за 27 октомври, соопшти денеска Кабинетот на шефот на бугарската држава.

Ваквата одлука е донесена по денешната двочасовна средба на Плевнелиев со претставници на парламентарните политички партии.

Според Плевнелиев, пред Собранието има многу итни задачи за извршување и пратениците треба да се подготват добро за тоа, за да се постигне консензус за избор на раковдство на Парламентот и да се подготви правилник за работа.