Платини ги осуди инцидентите во Белград

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Мишел Платини.

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Мишел Платини денеска изјави дека е длабоко растажен поради настани во Белград минатата ноќ, кога беспилотно летало со знамето на Голема Албанија предизвика инциденти и прекин на натпреварот Србија – Албанија.

„Фудбалот треба да зближува луѓе и политиката не треба да се меша во нашиот спорт“, рече Платини.

Тој вели дека нема никакво оправдување за настаните и дека за нив нема прошка.