Денарот останува стабилен, оценува Богов

Стабилниот курс на денарот нема да се менува. Народната банка ќе ја задржи оваа политика која дава резултати, вели гувенерот на Народна банка Димитар Богов.

„Политиката на фиксен курс на денарот од воведувањето покажува дека е соодветна за мала економија како што сме ние и дава резултати. Нема економија која може да води политика на флуктуирачки курс на домашната валута освен Америка и ЕУ кои се големи“, рече Богов на седницата на Комисијата за финансирање и буџет која расправаше по Извештајот за работата на НБРМ во 2013 година.

Според него, најдобар показател за спроведувањето на оваа политика е растот на штедењето во домашна валута што покажува и довербата на граѓаните во денарот и во банкарскиот систем.