Курдски демонстранти зазедоа брод во Истанбул

Курдски демонстранти зазеле брод, што пловел крај Истанбул, со барање за поддршка за сирискиот град Кобани, кој со недели е под опсада на милитантите на Исламска држава. Гневни граѓани, кои долго време го чекале бродот, се судриле со демонстрантите, пред да интервенира полицијата. Курдските активисти се качиле на бродот, што пловел на редовна линија меѓу истанбулските квартови Кадикој и Бешикташ, и развеале плакат со натпис „Луѓето во Кобани се спротивставуваат и за нас“. Демонстрантите биле приведени од полицијата.