Оштетени автобуси и постојка на ЈСП

Илустрација - Автобус на ЈСП.

Три автобуси на ЈСП и една автобуска постојка се оштетени синоќа околу 23 часот, изјави денеска генералниот директор на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов. Тој вели дека еден автобус е оштетен во Сарај, а два двокатни во Чаир, а оштетената автобуската постројка се наоѓа на булевар „Александар Македонски“ во непосредна близина на ОУ „Битолски конгрес“. Прашан дали последното оштетување на имот од ЈСП е резултат на синоќешниот инцидент во Белград на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, Николов рече дека во интерес на истрагата не сака да прејудицира ништо, но додаде дека во последните три-четири месеци ситуацијата била смирена и воопшто не е регистриран никаков инцидент во автобусите на ЈСП „Скопје“.