Кери и Зариф во Виена за иранската нуклеарна програма

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Виена ќе се сретне со својот ирански колега Мохамед Зариф, за да изврши протисок врз него да се надмине застојот во разговорите за иранската нуклеарна програма. Вчера Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите во Париз рекоа дека веруваат оти конечниот договор за иранската нуклеарна програма може да се донесе пред истекот на крајниот рок на 24 ноември. Кери оцени дека договорот „не е надвор од дофат“, а Лавров вели дека договор е можен, а дека датумот не е „свет“ и ако не се случи дотогаш, нема да биде трагедија, што значи дека крајниот рок може да се продолжи. Утре се среќаваат претставници на шестте светски сили и на Иран со надеж дека ќе се постигне договор за иранската нуклеарна програма.