Медведев - невозможно ресетирање на односите со САД

Се додека се на сила санкциите против Русија, апсолутно е невозможно да се обноват односите со САД, рече рускиот премиер Дмитриј Медведев во изјава за американската телевизија Си-Ен-Би-Си.

„Се разбира дека не, тоа е апсолутно невозможно“, одговори Медведев на прашањето дали е можно ресетирање на односите.
Денеска пак на веб страницата на руската влада е објавен документ во кој Медведев американските санкции ги опишува како „деструктивни“.

САД воведе санкции кон Русија поради нејзината улога во кризата во Украина. Русија негира вмешаност во конфликтот.