Путин и Порошенко разговарале за Украина

Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко разговарале за можните мерки со кои би се вратил мирот во источна Украина, соопшти Кремљ. Во нивното соопштение се вели дека двајцата лидери, исто така, се согласиле да разговараат за снабдувањето со руски гас на Украина, за време на самитот во Милано кој се одржува утре и задутре. Руски Гаспром ги намали испораките на гас за Украина во јуни, откако Киев не ги надмири своите долгови. Една третина од потребите од гас за Европа, се од Русија, а половина од тоа доаѓа преку Украина.