Во Хонг Конг судири меѓу демонстрантите и полицијата

Во Хонг Конг денеска, како што јавуваат новинските агенции, дошло до најжестоките судири меѓу полицијата и демонстрантите кои веќе две недели одржуваат продемократски протести. Во судирите имало и повредени. Демонстрантите, главно студенти бараат целосно слободно гласање за лидер на Хонг Конг. Кина која ја има контролата врз Хонг Конг соопшти дека граѓаните можат да гласаат, но оти Пекинг ќе предложи за кои кандидати.