Беспилотни летала за следење на источна Украина

Даниел Баер.

Американскиот амбасадор во ОБСЕ изјави дека беспилотните летала кои ќе ја надлетуваат Украина треба да им помогнат да се следи прекинот на огнот во земјата кој често се нарушува. Американскиот амбасадор Даниел Баер изјави дека првите две беспилотни летала биле доставени минатата недела до набљудувачите на ОБСЕ, но екипажот кој треба да работи со овие летала се уште не пристигнал во Украина. Тој вели дека Русија треба да им пренесе на оние кои се под нејзина контрола во источниот дел на Украина дека не треба да се пука кон овие летала, бидејќи тие служат само за набљудување на теренот.