Пакистан и Индија разговарале за прекуграничните тензии

Индиски и пакистански високи воени претставници телефонски зборувале за тензиите меѓу двете земји околу регионот Кашмир. Ова е прв разговор на високо ниво меѓу двата соседи од последните гранични судири. Пакистанскиот директор за воени операции зборувал со неговиот индиски колега за начините да се намалат тензиите долж границата меѓу двете земји. Околу 20 цивили се убиени од двете страни во прекуграничната размена на оган која започна на 5 октомври. Овие настани се најсериозните повреди на прекинот на огнот постигнат во 2003.